Прва интернет-продавница за осигурителни полиси

Bez autora
Mar 25 2012

„Еуролинк осигурување“ е во процес на воведување веб-продажба на осигурителни полиси. Со помош на иновативниот сервис е-полиса, на граѓаните во Македонија за првпат ќе им биде овозможено купување полиси преку интернет, од удобноста на својот дом. Услугата е-полиса ќе биде овозможена преку веб-страницата на „Еуролинк“. Преку брзо и едноставно регистрирање, клиентите во првата фаза од проектот ќе можат да договорат осигурување за патување во странство. Во процес е и воведување веб-продажба и за останатите индивидуални линии на осигурување, како што се каско и автоосигурување на моторни возила, домаќинско осигурување. Процедурата на е-полиса е сигурна и брза, а плаќањето се одвива по пат на платежни картички. По успешно извршената процедура на плаќање, на мејл-адресата на купувачот пристигнува полисата за осигурување со што осигурувањето е склучено.

Прва интернет-продавница за осигурителни полиси„Еуролинк осигурување“ е во процес на воведување веб-продажба на осигурителни полиси.

Со помош на иновативниот сервис е-полиса, на граѓаните во Македонија за првпат ќе им биде овозможено купување полиси преку интернет, од удобноста на својот дом.

Услугата е-полиса ќе биде овозможена преку веб-страницата на „Еуролинк“. Преку брзо и едноставно регистрирање, клиентите во првата фаза од проектот ќе можат да договорат осигурување за патување во странство. Во процес е и воведување веб-продажба и за останатите индивидуални линии на осигурување, како што се каско и автоосигурување на моторни возила, домаќинско осигурување. Процедурата на е-полиса е сигурна и брза, а плаќањето се одвива по пат на платежни картички. По успешно извршената процедура на плаќање, на мејл-адресата на купувачот пристигнува полисата за осигурување со што осигурувањето е склучено.

„Воведувањето на веб- продажбата, всушност, претставува проширување на веќе воспоставената интернет-продажба, овозможена за нашите надворешни дистрибутивни канали. Воедно, се заокружува 24-часовната поддршка, која како концепт ’Еуролинк’ го воведе на пазарот на осигурување во земјата уште во 2009 година“, вели Александра Наќева-Ружин, извршен директор на „Еуролинк осигурување“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik